Тенките рамки околу екранот ги прават Samsung Galaxy S9 i S9+ удобни за држење, но екраните се уште се прилично големи. Посебно Plus моделот може да биде тежок за користење со една рака. Можеби би требало да го земете во обзир користењето на еднорачниот начин на работа, што можете да го вклучите под Поставки (Settings) – Напредни функции – (Advanced features) – Еднорачен режим (One-handed mode).
Можете да го активирате со повлекување на прстот дијагонално од левиот или десниот агол на долната страна. Алтернативно, можете да изберете три пати да го притиснете Home копчеto за да влезете во начинот на работа со една рака. Кога е активна, оваа функција го намалува екранот до мало подрачје кон дното на екранот, каде што се е достапно со една рака.