Го испробавме најновиот „флегшип” на Huawei и се уверивме дека Mate20 Pro е меѓу најнапредните модели на пазарот на Android паметни телефони.
НИКОЛА БУРАГЕВ
Huawei дефинитивно цели на врвот, но до оваа година, мораше да се задоволи само со пониските места на подиумот. Меѓутоа, минатогодишниот Mate10 Pro беше гласна најава за она што ќе се случи во 2018. година. Доколку P20 Pro беше изненадување, новиот Mate20 Pro е дефинитивно показател дека Huawei нишани на врвот. Овој смартфон е навистина нешто посебно, и обединува во себе практично се што е најдобро од светот на Android.
Huawei на досегашните модели од Mate серијата презентираше колкава зрелост достигналa компанијата по прашање на дизајнот, утврдувајќи го сопствениот идентитет од генерација во генерација. Mate серијата отсекогаш ја набљудувавме со посебни очи. Тоа беше телефон за ентузијасти, уред со кој требаше да се презентира моќта, со кој понекогаш требаше и да се експериментира, направа за гикови која донесува некои нови работи на пазарот.
Истовремено, Mate го зацврстуваше сопствениот визуелен идентитет на Huawei, бидејќи моделите од високата P класа, сепак, повеќе беа ориентирани кон мејнстримот. Со Mate моделите оваа опасност не постои. Сега пристигнува во најубаво издание досега и Mate20 Pro во овој момент веројатно е еден од најдобрите и најнапредни смартфони на пазарот на Android паметни телефони.
Екран и дизајн
Во однос на Mate 10 серијата, Mate20 Pro e позаоблен, поергономичен и доби куќиште, кое од задната страна потсетува на Huawei P20 Pro. Екранот и генерално целиот уред при држење и ракување оставаат одличен впечаток. Големината на уредот е прилично компактна кога ќе се земе во предвид масивниот 6,39-инчен екран, а тоа благодарение на речиси непостоечките рамки поради заобленоста на екранот од страните, како и засекот (notch) на горниот дел.
Она што најпрвин се воочува е дека Mate20 Pro поседува дисплеј кој се простира преку целата предна страна на телефонот со исечок на горната средна страна, во која се сместени сензорите за препознавање на лицето и предната камера. Телефонот доаѓа со Gorilla стакло и поради заоблените страни на екранот, малку потсетува на Galaxy смартфоните од највисока категорија.
Mate20 Pro поседува 6.4-инчен QHD+ OLED екран (3120 х 1440 резолуција), а телефонот поседува и IP68 сертификација, која означува дека е отпорен на прав и вода. Од задната страна се наоѓа стаклен панел со тројна камера и блиц, а сето ова е сместено во правоаголен модул.
Камера
Mate20 Pro поседува Matrix Camera која го вклучува Leica Ultra Wide Angle објективот којшто им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску од својата способност за макро растојание. Системот на матриксни камери го усвојува култниот дизајн на четири-точки, давајќи му на уредот препознатливост дури и на далечина.
Тројната камера ја сочинуваат 40 мегапикселен примарен сензор, секундарен сензор од 20 MP со 5X оптички зум и посебен сензор за ултра широки фотографии со 8 мегапиксели. Достапен е оптички зум до три пати, додека зумирањето до пет пати се извршува со минимален губиток на квалитетот. Видео снимањето доби и нов режим на снимање, 21:9, кој го искористува целиот потенцијал на Leica Ultra Wide Angle камерата, со достапните ефекти, кои се различни за секој режим.
Камерата од предната страна има 24 MP сензор со посебен модул кој овозможува 3D препознавање на цртите на лицето.
https://youtu.be/n865Zh15uV0
Перформанси
Ова е прв Android телефон со 7-нанометарски чипсет. Се работи за HiSilicon Kirin 980 процесорот спарен со Mali-G72 графика, што во овој момент е најбрзиот чипсет во светот на Android паметните телефони. Сместена е и великодушна количина на работна и интерна меморија – 6GB/512GB.
Нашето прво искуство со овој уред беше навистина одлично. Смартфонот работеше брзо, инстантно, а дополнително искуството го подобрува и новиот интуитивен систем на гестикулации кој е дел од новиот Android 9.0 оперативен систем, базиран на EMUI 9.0 Huawei корисничкиот интерфејс.
Покрај тоа, Huawei Mate 20Pro поддржува 15W HUAWEI безжична брзина, најбрзото решение за безжично полнење во индустријата и Wireless Reverse Charge, што му овозможува на уредот да работи како моќна банка за избрани електронски уреди што поддржуваат безжично полнење.
Батерија и LTE
Пријатно изненадување е и зголемената 4.200 mAh батерија, како 40W супер полнење кое би требало батеријата од 0 до 70 проценти да ја наполни за само 30 минути. Сите кои се грижат за безбедноста на своите податоци на располагање ќе го имаат и сензорот за читање отпечатоци од прсти вграден во самиот екран. Huawei Mate20 Pro е прв паметен телефон во светот за поддршка на 4.5G LTE Cat, овозможувајќи им на потрошувачите брзина на преземање до 1,4Gbps.
Новиот Huawei Mate 20Pro од 24. октомври ексклузивно може да се набави во продавниците на Македонски Телеком. Повеќе информации за новиот смартфон може да најдете на веб страницата на Mакедoнски Tелеком, во Телеком продавниците или пак, во Контакт центарот на 122 или 120. (Н.Б.)
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Процесор: | Kirin 980 |
Екран: | 6.4-инчен OLED, 3120 x 1440, сооднос од 19.5: 9, 538ppi |
RAM и меморија: | 6GB / 128GB или 8GB / 256GB, проширување со Nano мемориски картички до 256GB |
Задни камери: | 20MP ултра широк агол, широк агол од 40MP, 8MP телефото, еквивалентно на 16mm, 27mm и 80mm фокусна должина; |
Предна камера: | 24MP камера со детекција на длабочина за автопортрети |
Безжично поврзување: | LTE Cat.21, 802.11ac Wi-Fi, NFC, Bluetooth 5 со поддршка за AAC, AptX HD и LDAC |
Батерија: | 4.200mAh |
Полнење: | Брзо полнење преку USB-C или безжично, како и обратно безжично полнење за дополнување на други Qi-уреди |
IP68 отпорност на вода и прашина | |
Биометриска безбедност: | Сензор за отпечаток од прстот, 3D отклучување со лице |
Оперативен систем: | EMUI 9 на Android 9 Pie |
Тежина: | 189 gr |