Новите модели на паметните телефони на Apple, iPhone XS, XS Max и XR пристигнаа на македонскиот пазар, а од денеска официјално почна нивната продажба во единствениот Apple Premium Reseller во Македонија, iSTYLE, лоциран во Скопје Сити Мол.
Сите телефони од новата генерација се достапни во iStyle Apple Premium Reseller во сите расположливи верзии, бои и капацитети. Во текот на настанот, акцентот беше токму на различните бои на iPhone XR, кој во Македонија почна да се продава на истиот ден како и во другите држави во светот. Манифестацијата ја одбележа и наградната игра, во која главна награда беше токму iPhone XR со капацитет од 64 GB, а добитникот можеше да избере од широката палета бои: црна, бела, сина, жолта, корал и црвена (Product RED).
iPhone XR ќе се продава во верзии со 64, 128 и 256 GB простор за складирање. Неговите цени се движат од 55.990 денари, колку што е потребно да се издвои за верзијата со 64 GB, 59.990 денари за 128 GB и 66.990 денари за верзијата со 256 GB.
Поскапите модели iPhone XS и XS Max ќе бидат достапни во три бои (вселенско сива, сребрена и златна) со капацитет на меморијата од 64 GB, 256 GB и 512 GB. Цените на стандардниот модел ќе изнесуваат 74.990, 85.990 и 99.990 денари, додека поголемата Max верзија ќе чини 81.990, 92.990 и 106.990 денари.