Голем екран, Snapdragon 845, 10 GB RAM меморија и 256 GB интерна меморија – ова е дефинитивно еден од најмоќните телефони оваа година.
Кинески Xiaomi се подготвува за претставување на вистински „ѕвер“ кога станува збор за гејминг паметните телефони – станува збро за новата генерација на гејмерскиот телефон Black Shark Helo кој според спецификациите, ќе поседува можеби и најмоќен хардвер на светот.
Процесорот е секако Snapdragon 845 кој што може да се најде само кај премиум паметните телефони, а дијагоналата на АМОЛЕД екранот изнесува 6,01-инчи. Резолуцијата на предната камера изнесува 20 мегапиксели со f/2.2 отвор на бленда, додека на задната страна се сместени две камери, една од 12 мегапиксели и една од 20 мегапиксели.
Black Shark Helo ќе биде достапен во три верзии кога станува збор за RAM меморијата – покрај споменатите 10 GB RAM, ќе бидат понудени и верзии со 6, односно 8 GB RAM меморија, како и 128 GB интерна меморија.
Моментално не е познато дали овој телефон на Xiaomi ќе има слот за microSD мемориска картичка, а што се однесува до батеријата, капацитетот изнесува 4000 mAh и поддржува Quick Charge 3.0 брзо полнење на батеријата.
Со оглед на тоа што станува збор пред се за гејмерски паметен телефон, на корисниците ќе им бидат достапни и додатоци како контролер за подобро управување во игрите, а моделите со 6 и 8 GB RAM меморија ќе бидат испорачувани со еден аналоген стик, додека верзијата со 10 GB RAM со два.
Телефонот пристигнува со посебно копче со чие што притискање се активира гејмерскиот мод на користење на телефонот. Од останатите опции, треба да се спомене дека Black Shark Helo на Xiaomi ќе има “Android O”, стерео звучници и нема да има 3.5 мм влез за аудио слушалки.
Xiaomi Black Shark Helo ќе биде пуштен во продажба веќе идниот месец и ќе се продава по цена од 460 долари за моделот со 6 GB RAM меморија, 505 долари со 8 GB RAM меморија, додека пак цената за најмоќниот модел со 10 GB RAM меморија се уште не е позната.
Извор: Zimo.hr