Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, изјави дека е блокиран на Twitter откако оттаму помислиле дека некој му го хакирал профилот, пишува Bloomberg.
Маск често го користи Twitter за објавување постови за својата работа. Неколку часа пред да биде блокиран тој ги прашал своите обожаватели дали сакаат да купат биткоини.
Twitter thought I got hacked & locked my account haha
— Elon Musk (@elonmusk) October 23, 2018
Освен сериозните објави Маск знае и да се пошегува со своите пријатели. Во август објави твит дека размислува за приватизација на компанијата, но тоа не беше вистина. Затоа беше казнет со 20 милиони долари бидејќи ја довел јавноста во заблуда.
Поврзани артикли