Веб-страницата за поставување видеа YouTube претстави одлична опција, што посебно ќе им биде корисна на влогерите и инфлуенсерите, кои сакаат да го зголемат бројот на свои следбеници.
Отсега, на вградените (ембедирани) плеери на сајтот ќе се појавува опцијата subscribe, која ќе им олеснува на луѓето да следат одредени канали.
Сега кога ќе наидете на некое YouTube видео кој е вграден на интернет страницата, ќе забележите во левиот горен агол икона со информација за каналот и можноста да го следите.
Поточно, сега ќе имате краток преглед на каналот кој ја објавил снимката, бројот на следбеници, како и копчето за subscribe. Ќе можете да кликнете на фотографијата на каналот за да ја отворите страницата во ново видео.
Како што пишуваат странските медиуми, оваа нова опција постепено ќе се појавува во YouTube видео ембедите во следните две недели.
Иако се работи за мали промени, всушност ќе им овозможи на влогерите, инфлуенсерите и разните бренодви да ја прошират мрежата на следбеници.