Иако и сега многу пари се трошат на технологијата, се претпоставува дека цифрата на годишна потрошувачка ќе се зголемува, колку повеќе техники ќе бидат измислени.
Порталот Bright Side пренесува неколку изуми кои веројатно ќе ги користат идните генерации.
1.Овој изум на фотографијата подолу дефинитивно ќе ја намали работата на перење на алишта. Ќе се употребува како закачалка која автоматски ги суши и дезинфицира крпите по употреба.
2. Идните генерации нема да мораат да се грижат за заборавање на часовникот дома, бидејќи ќе имаат можност за користење часовник на ноктот. Овој часовник би требало да функционира во различни бои и ќе ги има сите опции кои ги има обичниот дигитален часовник.
3. Иако веројатно ќе се користат часовници на ноктот, нормалните часовници би можеле да ја имаат функцијата на запалка. Ова е одлични решение за оние кои често ги губат запалките.
4. Иднината ветува и уред кој ги чита мислите на кучињата и ги преведува на човечки јазик. Наскоро би можеле да знаеме што вашиот миленик навистина мисли, и дали е навистина воодушевен од мачката која сте ја довеле дома.
5. Научниците очекуваат дека наскоро ќе измислат функционален уред кој може да се користи за намалување на болката. Ќе се користи така што ќе го поставите на делот од телото кој ве боли, и потоа ќе се намалат тензиите.
6. Се очекува дека ќе можеме да користиме роботски кофери кои нема да мораме да ги влечеме, туку самите ќе се движат зад нас.
7. Сите кои се плашат од пеглање и диплење алишта можат да здивнат, бидејќи наскори на пазарот ќе се појави машина која дипли и пегла алишта.
8. Освен 3D принтерите, уметниците наскоро ќе можат да користат 3D пенкалца.
9. Обичните звучници ќе бидат унапредени и ќе реагираат на звук, односно ќе можат да го почувствуваат ритамот на музиката низ звучникот.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли