Неделава за Opel беше ужасна, а како што стојат работите ќе заврши кошмарно
Според информациите на германскиот Spiegel, германското Министерство за транспорт, се сомнева дека компанијата манипулирал со софтверот за управување со системот за прочистување на издувните гасови на најновите генерации на возила. До овој момент, сите возила што се достапни на пазарот, со декларација за усогласеност со стандардите Euro 6d, се сметаат за еколошки.
Врз основа на овие сомневања, министерот за транспорт му наредил на регулаторното тело на КБА да изврши тестирање на софтверот за кој станува збор, инсталиран во модел од последната генерација – Opel Insignia.
Сите нови возила сега мора да бидат во согласност со WLTP протоколот, а покрај тоа мора да поминат и низ тестирање во реални услови „RDE (Real Driving Emissions)“ – вистински тест за емитирање на емисиите. Иако овие постапки се многу построги и пореални, не е исклучено дека производителите го прилагодуваат однесувањето на системот за пречистување на горивото до услови кои не се предвидени со нови техники на тестирање.
Таков е случајот и со Opel Zafirа, која ја тестирал Spiegel, каде што за време на поголемо забрзување електрониката на моторот го исклучувале системот за прочистување на издувните гасови додека возилото не застане на семафор. Теоретски, ова значи дека системот за третирање штетни гасови останува исклучен за време на долги часови возење на автопат, што, според ставот на регулаторното тело на КБА, не е дозволено. Затоа, се наложува и итно и задолжително повлекување на опфатените возила.
Opel, се рабира, целосно ги отфрла сите обвинувања.
Поврзани артикли