Кога родителите им дозволуваат на своите деца да гледаат видеа на „Јутјуб“ тоа не е поради тоа што се во опуштена ментална состојба, па сакаат на децата да им обезбедат богати моменти за учење. Голем дел од содржината во основа се бесмислени, во моментите кога на мајките и на татковците им е потребна пауза.
Иако детски, овие видеа често пати се пријавувани како насилни, со сексуални или вознемирувачки содржини, иако се сметаат за легитимни детски видеа (погледнете го видеото каде што Пепа го јаде својот татко). Постојат неколку начини како може да ги заштитите вашите деца да не гледаат вакви работи, меѓутоа, длабоката анализа на „Медиум“ во продолжение вели дека сме ја пропуштиле главната цел. А тоа е дека децата се намерно и системски експлоатирани преку содржината, а никој од нас не знае точно како.
Во трудот со наслов „Нешто е погрешно со интернетот“ писателот Џемјс Брајдл пишува:
„Овие видеа, каде и да се направени, како и да се направени, и која и да е нивната свесна намера (на пример, акумулирање приходи од реклами) се хранат со систем кој свесно е наменет да им ги прикажува видеата на децата за профит.
„Да се изложат децата на оваа содржина е злоупотреба. Не зборуваме за дискутабилните, туку за несомнените вистински ефекти на насилство на филмови или видеоигри врз тинејџерите или на ефектите на порнографијата или екстремните слики врз младите умови. Ова се важни дебати, но тие не се она што се дискутира тука. Тука зборуваме за многу мали деца кои уште од раѓање се намерно насочени кон содржини што ќе ги трауматизираат и уништат, преку мрежи кои се крајно ранливи на оваа форма на злоупотреба. Тука станува збор за еден вид насилство кое е својствено за комбинацијата на дигитални системи и капиталистички симуланси. Ова е мојата поента. Системот е соучесник во злоупотребата“.
Извор: Lifehacker
Поврзани артикли