Samsung неодамна го претстави Galaxy Note 9 со голем 6,4-инчен екран, а сега кружат гласини дека неговиот наследник ќе има уште поголем екран.
Извори блиски до Samsung открија дека Galaxy Note 10 ќе има 6,66-инчен OLED екран, а компанијата одлуката за тоа ја донела овој месец и веќе му ги доставила спецификациите на снабдувачот, Samsung Display.
На овој уред ќе чекаме една година, а дури и ако овие информации се точни, постои можност челниците на Samsung да се предомислат до почетокот на сериското производство.
Тврдењата на изворите не се бесмислени, бидејќи екраните на iPhone уредите на Apple постојано растат, така што iPhone XS Max го “прескокна” Galaxy Note 9 со својот 6,5-инчен екран.
Исто така, уште од претходно слушнавме дека Note 10 се развива под кодното име Da Vinci, а тоа асоцира на подобрувања на S Pen пенкалцето.
Следниот флегшип смартфон на Samsung се очекува да биде Galaxy S10, кој би требало да биде претставен на почетокот на 2019. година.