Јапонската компанија Kyocera го произведе најтенкиот мобилен телефон на светот, кој изгледа како кредитна картичка. Станува збор за моделот KY-O1L.
Овој мобилен телефон е дебел само 5,3 милиметри, а тежок околу 47 грама.
Од NTT Docomo, компанијата која ќе го лансира овој уред, тврдат дека KY-01L е најтенок и најлесен мобилен телефон на светот.
Motorola Moto Z од 2016. година е дебел околу 5,2 милиметри, но од Docomo напоменуваат дека овој модел има испакната камера, која не е пресметана во дебелината на смартфонот.
KY-O1L има 2,8-инчен монохромен e-paper екран, LTE конекција и батерија од 380 mAh.
Нема камера, ниту пак можност за инсталирање апликации, но може да се приклучи на интернет, иако работењето онлајн не изгледа баш привлечно на вака мал екран.
KY-O1L ќе чини 32.000 јени, односно околу 300 американски долари, а во продажба ќе биде достапен од следниот месец.
¿Es un móvil o una tarjeta de visita? El KY-O1L será el móvil más delgado del mundo en 2018 pic.twitter.com/T7aDwxnUpP
— 0800Tecno (@0800tecno) October 18, 2018
Извор: B92.net