Колку пати сте биле во ситуација кога ви треба интернет, но сте ги потрошиле сите мегабајти, а не сте дома? Обидете се на тој начин што ќе најдете бесплатно Wi-Fi во близина. Секако поврзувањето на првата достапна мрежа без лозинка никогаш не е добра идеја, но, за среќа, постојат методи кои целиот процес го олеснуваат и го прават барем малку побезбеден.
Интернет хотспот даватели на услуги
Голем број на даватели на интернет и телефонски услуги имаат хотспот мрежи посветени на своите корисници. Бидејќи се раширени, услугите кои ги даваат се сосема солидни.
Пребарувачи на Wi-Fi за секоја прилика
Ако се наоѓате надвор од дома и барате некое пристојно место за работа, а ви треба интернет, голем број на апликации нудат бази на лозинки на достапни и легални извори како кфулиња, интернет корнери и слично. Едно од тие е WiFi Map – глобалната база на Wi-Fi лозинки која ја составуваат и уредуваат самите корисници. Слична услуга нуди и популарниот Instabridge.
Авиони и аеродроми
Поголемиот дел од модерните аеродроми нудат услуги за бесплатно Wi-Fi за патниците, додека некои нудат и Wi-Fi за време на лет. Секако, цените на овие услуги варираат од бесплатен до доста скап интернет, па задолжително е да се информирате пред да се одлучите да барате безжичен интернет при патување со авион.
Втора опција е да користите апликации како WiFox (iOS, Android) кои можат да ви ја дадат лозинката на бесплатната Wi-Fi мрежа, која ја користат патниците во чекалниците на аеродромот.
Извор: B92.net