Покојниот физичар и научник Стивен Хокинг во пишувал за тоа дека генетскиот инженеринг би можело да резултира со создавање на раса „суперлуѓе“ која би можело да го уништи човештвото.
Богатите луѓе сакаат да ја „уредуваат“ својата и ДНК-та на своите деца, што може да остави сериозни последици на човечкиот вид, е едно од тврдењата изнесени во есеите објавени во „The Sunday Times“.
„Сигурен сум дека луѓето во овој век ќе откријат начин да ја изменат интелигенцијата, но и некои инстинкти како агресијата. Верувам дека ќе биде донесен закон со кој ќе се спречи генетскиот инженеринг, но луѓето тешко успеваат да одолеат на искушенијата, особено кога имаат можност да ја подобрат својата способност за помнење, отпорноста на болести или можноста за продолжување на животот. Кога ќе се појават таквите суперлуѓе, оние кои не се подобрени ќе заостанат. Едноставно нема да можат да се натпреваруваат со нив и најверојатно ќе изумрат. Наместо нив, светот ќе го преплави расата на самодизајнирани луѓе“, пишува во еден од есеите.
Есеите беа објавени како вовед за книгата на Хокинг што ќе биде објавена во вторник.
Темата која ја покренал Хокинг всушност се однесува на “Crispr-Cas9”, техника на генетски инженеринг откриена пред шест години. Користејќи ја оваа техника, научниците ги заменуваат штетните гени со нови гени.
Тоа е применето во големата болница Ормонд во Лондон, каде што децата се лечени од неизлечлив облик на леукемија.
Извор: B92.net
Поврзани артикли