Кога е нов, секој телефон работи совршено и без закочување, но во текот на времето работите многу лесно можат да се променат на полошо.
Ако сте забележиле дека вашиот Android телефон работи побавно од претходно, не морате да почнете да размислувате за купување на нов, туку испробајте ги овие трикови кои ќе го забрзаат за 5 минути.
Исчистете ги кешираните податоци (30 секунди)
Вашите апликации константно ги кешираат одредените податоци, што би требало да го забрза вашиот телефон, но ако во него нема доволно простор, овие податоци можат да почнат да прават проблеми.
Еве како да ги исчистите кеширани податоци:
- Отворете ги подесувањата на телефонот (Settings):
- Одете на Storage
- Изберете ја опцијата Cached data
- Изберете ОК
2. Исклучете ги анимациите (1 минута)
Апликациите прават сите наши интеракции со оперативниот систем да изледаат пофлуидно – се додека телефонот не почне да забавува со работа. Тогаш анимациите почнуваат да изгледаат како видео што сецка.
Ако анимациите и преодите на телефонот повеќе не се флуидни како порано, со нивното исклучување ќе ослободите простор и малку ќе го забрзате телефонот.
Еве како да ги исклучите анимациите:
- Одете на Settings менито.
- Притиснете го менито About Phone.
- Потоа седум пати допрете ја опцијата Build number, и набрзо потоа ќе се појави порака дека сте го активирале Developer options менито.
- Вратете се во подесувањата и одете на Developers options.
- Деактивирајте ја опцијата Windows animation scale.
- Повторете го ова и со Transition animation scale и Animation duration scale опциите.
3. Отстранете или деактивирајте bloatware и апликациите кои не ги користите (1 минута)
Штом Android смартфонот ќе го извадите од кутија и ќе го вклучите, на него ќе има голем број апликации кои се однапред инсталирани, и големи се шансите многу од нив никогаш да не ги користите. Но, тоа не значи дека тие не ги користат одредените ресурси на вашиот телефон.
Еве како да се ослободите од нив:
- Одете во Settings.
- Изберете го менито Apps.
- Пронајдете ја апликацијата која сакате да ја деинсталирате и притиснете ја. Секоја апликација прикажува колку простор зазема на вашиот телефон, така што истиот момент знаете колку простор сте ослободиле од телефонот.
- Изберете ја опцијата Uninstall и потврдете дека сакате да ја избришете.
- Оваа процедура повторете ја за секоја апликација која не ви е потребна.
4. Отстранете ги виџетите (30 секунди)
Виџетите се една од навистина корисните работи кои ги нуди Android, бидејќи ви дозволуваат да вршите одредени интеракции со вашите апликации, а притоа да не морате да ги отворате.
Иако ќе ви заштедат време кога вашиот телефон е нов и брз, со време можат да го забават.
Еве како да се изборите со виџетите на вашиот смартфон:
- Изберете виџет кој сакате да го отстраните од екранот на вашиот телефон.
- Притиснете го со прстот и држете го некое време. Ќе се појави Remove и App Info менито на врвот на екранот.
- Повлечете го виџетот во кантата за ѓубре на врвот на екранот.
5. Оптимизирајте го Google Chrome (30 секунди)
Со оптимизација на Google Chrome прелистувачот значително ќе го забрзате својот телефон.
- Отворете го Chrome браузерот.
- Допрете го менито во горниот десен агол (три вертикални точки).
- Притиснете ја Data saver опцијата.
- Повлечете го прекинувачот во горниот десен агол за да ја активирате оваа опција.
Поврзани артикли