Шведската компанија Volvo заедно со Nvidia подготвува компјутер со вештачка интелигенција (AI) за следната генерација автомобили. Базиран на технологијата „Nvidia Drive AGX Xavier“, компјутерот ќе им овозможи на Volvo да имплементира AI во идната автомобилска платформа Scalable Product Architecture 2 (SPA 2).
Минатата година, Volvo и Nvidia започнаа работа на заеднички системи и развој на софтвер за полуавтономни возила. Новата технологија ќе ги искористи постигнувањата на Nvidia во областа на вештачката интелигенција и ќе му овозможи на Volvo да го преземе следниот сериозен чекор кон имплементација на напредни системи за помош на возачот и опции за персонализација во возилото.
Првиот автомобил со новиот компјутерски систем ќе се појави во почетокот на следната деценија, соопштија од компанијата. Додавањето на можности за 360 степени перцепција и систем за мониторинг, иновациите ќе им овозможат на Volvo да промовира целосно безопасни автономни автомобили.
Идната SPA 2 платформа е следната генерација на популарната SPA платформа која е во основата на сериите 90 и 60 на Volvo, претставени во последните неколку години и кои придонесоа за најголемиот оперативен и финансиски пресврт во компанијата од 2010 година наваму.
SPA 2 ќе ги искористи постојните платформи, додавајќи технологии од следната генерација, поврзани со електрификација, поврзување и автономно управување. „Volvo Cars“ разви стратешки односи со трети страни за да го забрза процесот на воведување нови технологии во автомобилската индустрија, соопшти компанијата.
Поврзани артикли