Јапонската компанија Toyota објави дека ќе повлече околу 188.000 автомобили поради можна неисправност на воздушните перничиња.
Со одлуката се опфатени пикап и теренски возила и автомобили кај кои постои ризик од неактивирање на воздушните перничиња во случај на судар.
Се повлекуваат пикап моделите „тундра“ од 2018 година, теренското возила „секвоја“, а од автомобилите „авалон седан“.
Компанијата наведува дека 185.000 од ризичните возила се во Северна Америка, а 2.600 во други земји. Toyota ќе ги извести сопствениците за ажурирање на софтверот за воздушните перничиња на нејзините возила, а се очекува процесот да почне на 22 октомври.
Поврзани артикли