Компанијата Facebook почна да ја тестира опцијата Unsend за апликацијата Messenger, која му овозможува на корисникот да ја избрише испратената порака, за таа во целост да биде отстранета од четот.
Претходно оваа година Facebook тајно ги избрише старите пораки кои преку Messenger ги испрати основачот и директор Марк Цукерберг, а тоа беше многу необично, бидејќи „обичните” корисници на Facebook тоа не можат да го направат. Ако сега ја избришете пораката од инбокс, повеќе нема да ја видите, но таа ќе остане во сандачето на лицето кому сте је испратиле.
Во април, Facebook соопшти дека планира воведување Unsend опција за сите корисници, но немаше детали и датум за новите можности. Сепак, опцијата сега се тестира, што е потврдено од Facebook. Опцијата интерно се употребува, а откако во Facebook ќе се уверат дека работи без проблеми, ќе ја добијат и останатите корисници на социјалната мрежа.
Опцијата Unsend веројатно ќе биде достапна само одредено време, откако корисниците ќе ја испратат пораката.
Поврзани артикли