Објавено е последното научно истражување на познатиот теориски физичар и космолог Стивен Хокинг, во врска со неговата работа на објаснувањето за тоа што се случува со информациите кога честичките паѓаат во црни дупки, пренесува британски „Гардијан“. Научниот труд кој се занимава со т.н. „информациски парадокс“, беше завршен неколку дена пред смртта на Хокинг во март. Писмената верзија напишана од неговите колеги од „Харвард“ и од „Кембриџ“ е објавена на Интернет. Ова е трето дело во кое Стивен Хокинг се занимава со црните дупки и информациите.
Марика Тејлор, професорка по теориска физика на Универзитетот Саутемптон и поранешна студентка на Хокинг, вели:”Разбирањето на микроскопското потекло на оваа ентропија – кои се основните квантни состојби кои се пресметуваат во ентропија? – е еден од најголемите предизвици во последните 40 години. Ова научно дело предлага начин на разбирање на ентропијата за астрофизичките црни дупки, базиран на симетрија на аголот на хоризонтот. Авторот изнесува неколку сериозни претпоставки , па следниот чекор ќе покаже дали овие претпоставки се точни”.
Thr world at large felt the loss of #StephenHawking but just when we thought we had seen Prof Hawking's last research paper, there seems to be one final gift from one of the world's greatest minds.https://t.co/rjYO5892hI
— Indiatimes (@indiatimes) October 12, 2018
Физичарот Малком Пери, кој е коавтор на научниот труд насловен „Ентропија на црната дупка и мека коса“, истакна дека истражувањето на „информацискиот парадокс“ беше „во средиштето на животот“ на Хокинг повеќе од 40 години.
Научното прашање потекнува уште од Алберт Ајнштајн, кој во рамките на својата работа истакна предвидувања за црните дупки, според кои тие можат да бидат дефинирани според масата, напонот и вртењето. Безмалку 60 години подоцна, Хокинг додаде дека црните дупки имаат и температура. А затоа што честичките губат температура во вселената, црните дупки исчезнуваат. Но, тука се поставува прашањето што се случува со информациите содржани во честичките кога тој ќе влезе во црна дупка.