Лунарниот метеорит со тежина од 5,5 килограми, кој беше пронајден минатата година во северозападна Африка, ќе се продава на аукција организирана од компанијата RR Auction со седиште во Бостон. Метеорит може да се купи за најмалку половина милион долари на интернет аукција, која трае до 18 октомври.
,,Ова е еден од најважните метеорити што може да се набави насекаде во светот, како и еден од најголемите делови на Месечината кој некогаш бил на продажба”, изјавија од компанијата RR Auction.
Каменот кој е класифициран под технички назив NWA 11789, познат и како ,,Буагаба”, беше пронајден во дел од Африкаската држава Мавританија. Метеоритот е составен од шест делови кои заедно се спојуваат како делови од сложувалка. Најголемиот е тежок 2,7 килограми.
Повеќето лунарни метеори што досега биле пронајдени, не биле поголеми од овошје или голф-топки, изјави Џеф Ноткин, ѕвезда на телевизијата емисија ,,Метеорит Мен” и претседател на фирмата Аеролите Метеоритис, која продава месечев камен.
,,Штом го видовме знаевме дека е нешто невообичаено”, рече Ноткин, додавајќи дека ова е пронајдок што се случува еднаш во животот.
Но е и еден од ретките лунарни метеорити, како што велат експертите, со ,,нецелосна фузија на кората”. Неа ја создава силна топлина која го ,,пржи” каменот додека се спушта низ атмосферата.
,,Камен е всушност тостиран однадвор”, вели Ноткин.
,,Метеорит би било добро да заврши во некој историски музеј, но не треба да бидеме изненадени доколку некој од колекционерите нив го присвои”, изјави Роберт Ливингстон од компанијата RR Auction.
Ова е единствениот начин каменот од Месечината да дојде во рацете на колекционерите, бидејќи другите делови што ги тдонесоа астронаутите се во сопственост на американската држава.