Google и the National Parent Teacher Association се здружија за да помогнат во едукацијата на родителите и нивните деца за безбедноста на интернет. Гигантот ќе овозможи се-во-едно сет од алатки кои вклучуваат Google Pixelbook и презентации кои покриваат разновидни теми поврзани со онлајн сигурност вклучувајќи и phishing и измами, приватност и безбедност, кибернасилство и несоодветни содржини. Тие исто така содржат декоративни потсетници како банери и постери на англиски и шпански јазик.
Сетот алатки се дел од нова програма на Google и the National Parent Teacher Association што ќе обезбеди грантови од 1000 долари на PTA организации низ целата држава. Вкупно 200 грантови ќе бидат доделени за започнување на работилници на тема онлајн безбедност, а секој победник ќе добие еден ваков сет од алатки. Партнерството меѓу Google и National PTA претставува проширување на кампањата Be Internet Awesome, која беше започната минатата година во исто време со онлајн игра која ги учи децата на основите на интернет безбедноста.
Поврзани артикли