Научниците од Универзитетот Хаваи, во соработка со колеги од Франција и Тајван, откриле дека фосфатите, без кои не би имало живот на Земјата, пристигнале на нашата планета од вселената.
Фосфатите се „градежни блокови“ вградени во хромозомите на секоја жива клетка, без кои не би имало репродукција, што значи дека би немало ни живот, а на Земјата биле донесени од метеорити или некоја комета во првите милијарда години од постоењето на нашата планета.
☄️ #UHMResearch: Did key building blocks for life come from deep space? Phosphates, a key building block for life, was found to be generated in outer space and delivered to early Earth by meteorites or comets. Learn more here: https://t.co/OfxFJKFfma pic.twitter.com/qpwjK60sM5
— University of Hawaii at Manoa (@uhmanoa) September 27, 2018
Револуционерната студија „Меѓуѕвездена синтеза на фосфорни оксокиселини“ е изработена од истакнатите професори Ендру Тарнер и Ралф Кајзер, а објавена е во научниот магазин „Комуникации на природата“.
До ова научно откритие, научниците досега не можеа да го објаснат потеклото на тие фосфати и пирофосфорните киселини кои што се најважната состојка од хромозомите и носителите на генетичките информации.
Научниците во лабораторија направиле услови кои што постојат на една комета: Во вакуумска комора со температура од -240 степени Целзиусови, ставиле парчиња на меѓуѕвезден мраз со јаглеород-диоксид, вода и фосфин, по што ги изложиле на јонизирачка радијација како што се случува во вселената.
Во таквите услови се појавиле хемиски реакции кои што завршиле со создавање на фосфорни оксокиселини кои што се исти како и тие кои што се наоѓаат во нашите хромозоми.
„Фосфинот е смртоносен на Земјата, но во меѓуѕвездената средина на егзотични хемии, фосфинот може да предизвика ретки хемиски реакции, да иницира создавање на биорелевантни молекули како што се фосфорните оксокиселини кои што евентуално би можеле да предизвикаат молекуларна еволуција на животот кој што го познаваме“, изјави професорот Тарнер.
Според научниците, кога кометата или метеоритот ги донел на Земјата, тие оксокиселини ја започнале хемијата на фосфорот. А, доколку тоа може да се случило на Земјата, тогаш според научниците, може да се случи и на други планети.
Извор: Kurir.rs