Потребни се итни промени за да се спречи ризикот од екстремна топлина, суша, поплави и сиромаштија, покажува најновиот извештај за климатски промени.
Водечките светски научници за климатски промени, предупредуваат дека има само десетина години за задржување на глобалното затоплување до максимум од 1.5 степени, дури и половина степен значително ќе ги влоши ризиците од суша, поплави, екстремна топлина и сиромаштија за стотици милиони луѓе.
Авторите на најновиот и значаен извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (ИПЦЦ), вели дека се неопходни промени за постигнување на целта, да се задржат температурите помеѓу 1.5C и 2C.
Разликата во половина-степен, исто така, може да ги спречи коралите целосно да бидат искоренети и да го олеснат притисокот врз Арктикот.
“Тоа е линија во песок и она што нѝ кажува е дека ова е момент кога мораме да дејствуваме”, рече Дебра Робертс, копретседател на работната група за влијанија.
Светот моментално е еден степен потопол од пред-индустриските нивоа, покажува извештајот. По катастрофалните урагани во САД, рекордните суши во Кејп таун и шумските пожари во Арктикот, научниците се јасни дека климатските промени веќе се случуваат, зголемувајќи ги ризиците за затоплување од претходните извештаи и предупредија дека секое дополнително затоплување ќе го влоши влијанието.