Дали iPhone е навистина толку безбеден колку што Apple сака да веруваме?
Apple го рекламира iPhone како многу безбеден уред, што е можеби малку смешно кога некој без поголеми потешкотии може да ја заобиколи целата таа безбедност, после инсталирањето на најновата верзија на iOS.
YouTube видео открива како е можно да се заобиколи lock screen на телефон кој има iOS 12 без да ја знаете шифрата и да имате пристап до контактите и фотографиите на уредите.
Процесот, кој го откри експертот за безбедност, Хозе Родригез побара Siri да овoзможи Voiceover можност и потоа е потребно да се испрати текстуална порака од друг телефон на iPhone.
Потоа со само двоen допир на прстот во вистински момент се овозможува пристап до опциите и командите, кои инаку не би можеле да се користат.
Една од тие опции овозможува да пристапите до контактите на телефонот, додека малку покомплициран хак може да ви дозволи да пристапите и до фотографиите на телефонот.
Оригиналното видео прикажува како овој трик функционира на iPhone 8, но истата техника успешно е испробана и на новите модели iPhone XS и iPhone XS Max.
Извор: Telegraf.rs