Додека најбогатиот човек на светот Џеф Безос продолжува да се богати, илјадници вработени во неговата компанија Amazon протестираа против лошите услови и бараа поголема плата. Тој факт го претвори Безос во константна мета на критики на јавноста, па на крајот главниот извршен директор на Amazon немаше избор освен да попушти под притисокот и да ја зголеми минималната плата за вработените во компанијата.
Можете ли да замислите како изгледа моментот кога илјадниците работници дознаваат за оваа негова одлука?
Дејв Кларк, потпретседател на Amazon одговорен за оперативно работење, ја соопшти веста за зголемување на платите пред стотици вработени во магацин во Јужна Калифорнија. На социјалните мрежи се појави снимка од моментот, на која може да се види како вработените реагираат на убавата вест. Погледнете:
Shared the new Amazon $15 minimum wage with the team here at LGB3 early this morning! Best All Hands Ever!!! ?? pic.twitter.com/RqkvHQuomO
— Dave Clark (@davehclark) October 2, 2018