На отворањето на Авто-саемот во Париз, Renault го претстави концептот на целосно електричен кросовер наречен K-ZE.
Концептот потсетува на футуристичкиот „Квид“, на чија платформа е веројатно базиран, но Renault не открива детали.
Медиумите шпекулираат дека K во името доаѓа од „Квид“, додека ZE е веројатно поврзано со електричниот погон.
Renault тврди дека K-ZE може да помине 250 километри меѓу полнења според стандардите на NEDC (New European Driving Cycle), додека батеријата може да се полни на јавни полначи или во домашна средина.
Меѓу деталите што се издвојуваат е мултимедијалниот систем кој овозможува пристап до разни услуги, навигација, задна камера, паркинг и сензори.
Комерцијалната верзија треба да се појави на пазарот во 2019 година, а прво ќе се пласира во Кина.
За време на премиерата на K-ZE, Renault објави план за електрификација на своите „Б“ и „Ц“ автомобили во Европа, како што се Clio, Capture и Megan.
Поврзани артикли