Новата MXene технологија овозможува мобилните телефони да се наполнат за неколку секунди. Научници од Универзитетот Дрексел со помош на нови електроди направија вистинска револуција кон ултрабрзото полнење на батерии. Студијата е објавена во Nature Energy.
Станува збор за наноматеријали познати како MXene кои овозможуваат екстремно брзо полнење на батерии. Во лабораториски услови научниците демонстрирале полнење на MXene електроди кои би овозможиле да го наполните мобилниот телефон или електричниот автомобил за само неколку секунди.
Сега, преостанува овој изум успешно да се пренесе во индустриското производство, односно да се примени успешно во производството на гаџети.
Поврзани артикли