Тим од научници создадоа уред кој ќе им овозможи на луѓето да соработуваат додека играат игри, преку користењето на нивните мисли, пренесува РТ. Додека технологијата сè уште е во развој, нејзината потенцијалната примена е зачудувачка, велат научниците.
“Го претставуваме BrainNet, кој е првиот повеќеинтензивен директен интерфејс помеѓу неколку мозоци, за заедничко решавање на проблемите“, напиша тимот научници од Универзитетот во Вашингтон и Универзитетот Карнеги Мелон.
Тринасочната нервна врска, наречена BrainNet, функционира со помош на два уреди: два електроенцефалограма (ЕЕГ) кои ги пренесуваат упатствата од испраќачите до “примачот“, кој пак носи транскранијална магнетна стимулација (TMS). Користејќи ги овие уреди, тројцата учесници можат да ги споделат своите мисли и да соработуваат заедно за да играат тетрис видео-игра – но како еден учесник.