Новата верзија на оперативниот систем за уредите на Apple донесе големи проблеми кај дел од корисниците – опцијата за поврзување на различни разговори на контактите во еден разговор често поврзува и четови на други ваши пријатели, односно контакти.
Додека не пристигне новиот апдејт, добро внимавајте што пишувате во пораките на iMessage, затоа што постои можност пораката да заврши на погрешна адреса, односно во инбоксот на сосема друго лице.
Се повеќе вакви случаи се пријавени откако сопствениците на iPhone и iPad го ажурираа оперативниот систем на iOS 12 – станува збор за нова опција која што во еден разговор ги поврзува сите четови на лицата кои што користат повеќе телефонски броеви или електронски адреси.
Значи, наместо во iMessage да ви се појави посебен разговор за приватниот и службениот број на одредено лице, оперативниот систем ги спојува во еден разговор, но проблем е тоа што, според некои корисници, нивниот iPhone ги поврзал разговорите на различни корисници.
Тоа значи дека вашите приватни разговори со едно лице можат да бидат споени со сосема друго лице кое што ќе добие пристап до содржината на пораките. Веќе поголем број на корисници на форумот за поддршка на уредите на Apple го имаат пријавено истиот проблем, а заедничко им е тоа што проблемот настанал после надградбата на оперативниот систем.
Моментално, тешко е да се каже колку е раширен овој проблем, но на „Mashable” велат дека е загрижувачки тоа што, засега се чини дека не постои решение за проблемот, односно нема опција за мануелно одвојување на споените разговори.
Извор: Zimo.hr