ЦЕРН во понеделникот ја прекина соработката со италијански научник кој изјавил дека физиката е само за мажи и ги обвинил жените дека добиваат работни места во таа индустрија само поради глобалната дебата за полова еднаквост.
Во петокот Европската организација за нуклеарни истражувања свика семинар во Женева, каде што бил поканет и Алесандро Струмиа, италијански научник од Универзитетот во Пиза.
Неколку научници кои учествувале на овој семинар веднаш на социјалните мрежи ги споделиле неговите сексистички изјави.
Агенцијата АФП имала увид во презентацијата на Струмиа во која тој вели дека мажите се сé повеќе дискриминирани во областа на физиката.
Сé поголемата улога на жените на работните места поврзани со физиката тој ја објаснува исклучиво преку зачестените расправи за половата еднаквост, а не поради нивните квалификации.
Во својата презентација научникот вели: „Физиката е измислена и развиена од мажи и во оваа област не се влегува со покана“.
„Физиката не е сексистичка кон жените, но вистината не е важна бидејќи ситуацијата е резултат на политичка борба однадвор“, додава Струмиа.
ЦЕРН, на чие чело е италијанката Фабиола Џианоти, во официјална изјава ја оцени презентацијата на поканетиот научник како посебно шокантна.