Информации за корисничко име и лозинка на Facebook од страна на хакери се продаваат за само 2,6 долари, се вели во ново истражување на интернет-страницата „Мани Гуру“.
Извештајот е објавен кусо по сознанијата за големиот упад во 50 милиони профили на Facebook. Во истражувањето се напоменува дека хакираните и-мејл адреси и лозинки се продаваат на т.н. „Дарк веб“ (дигитално подземје).
Истражувањето било засновано врз достапност до лозинки од 26 најчесто користени профили на интернет. На тој сив интернет пазар може да се купат и финансиски податоци, на пример, за кредитни и дебитни картички – тие чинат од 14 до 19,5 долари.
Така, практично е можно да се купи чиј било онлајн идентитет за помалку од илјада долари.