Со оглед на тоа дека научниците не очекуваат дека наскоро ќе имаат допир со прашината на Марс, успеаја да создадат вештачка.
Тим научници од Универзитетот Централна Флорида создаде вештачка прашина која би можела да се користи за тестирање на одгледување на билки, опрема за истражување и слично.
Црвеното тло кое претставува вештачка марсовска прашина има многу сличности со вистинската, креирано е по модел на вулканско тло богато со железо кое ја прекрива Црвената планета.
Марсовската површина е различна, има глина, песок и солени површини, а лабораторијата планира да користи стандардизирани методи за производство на симуланти. Со тоа им се овозможува на оние кои планираат да отидат на Марс да се подготват и да ги обават потребните експерименти.
Килограм од вештачката прашина чини 20 долари, а Вселенскиот центар Кенеди на НАСА веќе испрати порачка. Од Универзитетот, исто така, се бараат и прашина од Месечината и астеоридите.
Извор: Klix.ba