На нашата планета уште еднаш ќе ѝ се приближи астероид кој наликува на череп.
Астероидот „2015 TB145″ кој многумина го нарекуваат „комета на смртта” ќе помине покрај Земјата на 11. ноември. Иако астрономите првобитно го нарекувале астероидот “Голема тиква”, многу укажале на фактот дека тој личи на џиновски череп.
Инаку, „кометата на смртта” за прв пат била воочена на 15-ти октомври 2015 година, само неколку недели пред да помине покрај Земјата на 31. октомври, односно на Ноќта на вештерките. Во текот на таа средба, „2015 TB145″ бил на оддалеченост од 1,3 лунарни дистанци од Земјата, додека овој пат поминувањето ќе биде доста посигурно, на 105 лунарни дистанци.
Dead comet 2015 TB145 as seen from the Arecibo Observatory in Puerto Rico @NAICobservatory pic.twitter.com/FH0loX7L0O
— Antonio Paris (@AntonioParis) November 3, 2015
„Патот на астероидот ни е добро познат”, изјавил Пол Чодас, директорот на Центарот за проучување објекти во земјина близина уште во 2015 година. Се проценува дека астероидот е со пречник од 700 метри, а иако можеби делува голем, тој е толку мал што нема никакво гравитационо влијание врз Месечината или Земјата.
Не постои опасност овој астероид да удри во Земјата, но доколку би се случило тоа, ударот би уништил една помала држава или би покренал големо цунами.
El fantasmagórico asteroide 'calavera' se acercará a la Tierra después de Halloween: En su primera visita, el 2015 TB145 pasó a una distancia de 'apenas' 499.000 kilómetros y a una velocidad de 125.500 kilómetros por hora. https://t.co/Di5eUh7aZy pic.twitter.com/bsT6qtDalB
— … (@fernand10072000) September 29, 2018
“Откривме дека објектот рефлектира околу 6 отсто светлина која ја добива од Сонцето”, изјавил Вишни Реди од Планетарниот научен институт во Таксон, Аризона.
“Тоа е слично на свеж асфалт, и додека овде на Земјата е доста мрачен, и натаму е посветол од типична комета која рефлектира само 3 до 5 отсто од светлината. Тоа укажува на кометско потекло, но бидејќи не е видлива гасната обвивка, заклучокот е дека се работи за мртва комета”, се наведвуа.
Следниот пат кога овој астероид ќе помине покрај Земјата ќе биде во август 2027 година, а тогаш ќе пројде на само една лунарна дистанца од Земјата (383.000 километри).
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли