Lenovo работи над наследникот на паметниот телефон Z5, кој беше претставен во мај годинава. Уредот има 6,2-инчен Full HD дисплеј и сооднос помеѓу екранот и телото од 90%. Моделот исто така, има и двојна задна камера со 16 мегапиксели, која користи вештачка интелигенција, а уредот ќе работи со процесорот Qualcomm Snadpragon 636 и 6GB RAM меморија. Кинескиот бренд може да се пофали дека досега регистрираше висока продажба на Lenovo Z5, но веќе ја подготвува премиерата на помоќната Pro верзија на смартфонот.
Потпретседателот на компанијата, Лео Јун, го претстави Lenovo Z5 Pro за прв пат на конференцијата Tech World 2018 одржана во Кина. Сепак, ова беше само кратка демонстрација, а официјалната премиера на паметниот телефон ќе се случи на 11 октомври. Сè уште немаме информации за подобрувањата што нè очекуваат кај уредот. Можеме да претпоставиме дека ќе има исечен екран и ќе работи на оперативниот систем Android 9.0 Pie.
Една од највозбудливите карактеристики на Lenovo Z5 Pro ќе биде сензорот за отпечатоци што е вграден во самиот екран. Компанијата веројатно ќе користи помоќен процесор и подобри камери во новиот модел. Се чини дека ќе има многу интересни настани и жестока конкуренција на пазарот на паметни телефони во последните три месеци од 2018 година. Продажбата ќе почне кратко време по премиерата на 11 октомври, кога ќе биде обелоденето колку ќе чини Lenovo Z5 Pro.