Еден тајвански хакер објави дека во недела во живо ќе го пренесува хакирањето на Facebook страницата на Марк Цукерберг. Чанг Чи-јуан најави бришење на профилот на Цукерберг. Во неговата земја тој е познат како еден од најдобрите хакери.
Чанг Чи-јуан е „white hat“ хакер. Тоа се безбедносни хакери кои ја тестираат издржливоста на системите со тоа што ги хакираат и ги наоѓаат баговите. Овој хакер наводно бил тужен од локален оператор на автобуси откако се инфилтрирал во нивните системи и купил билет за само еден тајвански долар.
Чанг веќе подолго време пишува за заработување со помош на хакирање. Неговиот подвиг ќе може и да се следи во живо на неговиот профил, само ако Facebook не го запре.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли