Од социјалната мрежа Facebook соопштија дека речиси 50 милиони корисници на социјалната мрежа биле изложени на безбедносен пропуст.
Компанијата соопшти дека напаѓачи успеале да ја искористат ранливоста позната како „View As” за да се здобијат со контрола на сметките на луѓето.
Прекршокот беше откриен во вторникот, објави Facebook, и додадоа дека веднаш ја информирале и полицијата.
Корисниците кои потенцијално биле засегнати, добиле известува за повторно да се логираат, а сето тоа како што велат од компанијата се случувало во петокот.
Мааната е веднап решена, напиша шефот за безбедност на компанијата, Гај Росен.
„Бидејќи ние само што започнавме истрага, допрва треба да утврдиме дали овие сметки се злоупотребувани или има пристап до какви било информации. Исто така, не знаеме кој стои зад овие напади или каде се наоѓаат”, посочи тој.
Росен додаде дека „приватноста и сигурноста на луѓето е неверојатно важна“ потенцирајќи дека жалат што се случило ова.
Поврзани артикли