Моќната и ретка бура Атланта, која наликува на ураган и тајфун, ќе го погоди овој викенд источниот дел на Средоземното море, јавува CNN.
Американската телевизија наведува дека се работи за хибридна бура која често ја нарекуваат Медикејн.
Според истражувањето спроведено во 2011, се наведува дека само еден или два Медикејн урагани се случуваат во текот на годината и дека овие моќни бури најчесто се јавуваат во септември и октомври, кога површината на Средоземното море и натаму е топла, но можат да се случај во било кој период од годината.
IR satellite animation of #medicane developing in Ionian sea. An impressive structure of the convective bands around a nicely visible centre of the cyclone. It continues strengthening in these hours. @meteociel
Forecast of medicane's track this weekend: https://t.co/Jhcuv0kOcA pic.twitter.com/3UnjOCEbcs— severe-weather.EU (@severeweatherEU) September 28, 2018
Најновата бура покрена во последните неколку дена обилни поплави ширум Тунис и Либија, а сега преку Медитеранот тргна северно кон Европа.
Се наведува дека оваа бура веројатно ќе поприми и карактеристики на ураган, а се учекува утре полека да прејде преку грчкиот остров Крит и јужниот дел на Грција и потоа да се забрза кон западна Турција.
CNN наведува дека подрачјата на Грција и Турција ќе ги погодат обилни врнежи и многу силни удари на ветар. Се наведува дека, за среќа, Меикејн нема долго да се задржи над југоисточна Европа.
Interesting take by ARPEGE this morning for #Medicane #Zorbas. Long water track into the Aegean helps maintain intensity. More of a landfall over Greece would disrupt progression –> https://t.co/SAAhGiUdqM pic.twitter.com/hQZv9Rl6oV
— wxcharts – a MetDesk Company (@wxcharts) September 28, 2018
Извор: B92.net