Пред неколку години беше најавено дека Дарт Вејдер ќе ја има главната улога во серијал кој целосно ќе се случува во виртуелна реалност, а денеска првиот тизер за „Vader Immortal“ веќе се појави на интернет.

„Vader Immortal“ е серијал од три епизоди специјално наменет за Oculus Quest – новиот сет за виртуелна реалност на Facebook. Уште не знаеме за каква мисија се работи и каква ќе биде вашата интеракција со Дарт Вејдер во оваа игра, а тоа веројатно ќе го дознаеме наредниот месец кога би требало да излезе целосниот трејлер.

Сценариото за секоја од трите епизоди го напиша Дејвид С. Гојер, кој е познат по работата на филмови како „Dark Knight“, „Man of Steel“ и „Dark City“.

Сетот Oculus Quest чини 400 долари и од Facebook е најавен како „следниот чекор во револуцијата на виртуелна реалност“. Првата епизода од овој серијал ќе се појави на Oculus Quest некаде во почетокот на 2019 година.