Компанијата Mozilla го пушти во работа бесплатниот сервис под името Firefox Monitor, кои корисниците ќе ги известува кога нивните личните податоци се компромитирани или злоупотребени.
Новата услуга овозможува пребарување на огромната база на мејл адреси кои во некои од големите кражби на податоци завршиле во рацете на хакерите.
Кога во Firefox Monitor ќе ја внесете својата адреса, пребарувачот ќе ја спореди со својата база на податоци на адреси кои во минатото биле компромитирани во некоја од големата кражба на податоци.
За само неколку секунди ќе добиете информација за тоа дали хакерите некогаш успеале да стигнат до вашата адреса и податоци за пријавување на некој интернет сервис, чии налози се врзани за тој мејл.
Покрај тоа, новата услуга им овозможува на корисниците да се пријават за добивање известувања во случај нивните мејл адреси во иднина да бидат злоупотребени, како и известувања за посетите на сајтовите кои претходно биле жртви на хакерите и од кои се украдени податоци од корисниците.
Новата услуга настана во соработка на Mozilla со сајтот Have I Been Pwned, кој служи за проверка на загрозеноста на онлајн профилите. На корисниците им е достапна на адресата Monitor.firefox.com.
Поврзани артикли