Инцидентот се случил рано наутро околу 7 часот по локално време, објави Би-Би-Си.
Само неколку минути претходно, човекот удирал по прозорците на терминалот и побарал од персоналот да го задржи авионот. Како што стои во соопштено од страна на персоналот, во еден момент тој едноставно истрчал од аеродромската зграда и со полна брзина тргнал кон авионот. Притоа успеал да дојде до авионот пред полицијата да го запре и почнал да вика по пилотот да го причека. Набрзо пристигнале два полициски автомобила и полициско комбе, по што упорниот патник бил уапсен и сепак не успеал да се качи на авионот за чиј лет задоцнил 21 минута.
A late passenger has been pinned to the ground by @DublinAirport police after running out of the terminal towards the plane pleading and shouting at the pilot to wait. 1/…@BBCNewsNI pic.twitter.com/TJL22qfNCt
— Declan Harvey #StayAtHome (@NewsDeclan) September 27, 2018
Од даблинскиот аеродром преку соопштение објаснија што се случило.
„Маж и жена задоцнија на летот на Рајанер кон Амстердам, односно во делот за качување на патници пристигнаа откако качувањето веќе беше завршено. Тие почнаа да се расправаат со персоналот на Рајанер, а машкиот патник видно се вознемири. Тој удираше по прозорците и се обиде да го запре авионот. Успеа да се провлече низ вратата и се стрча кон авионот со цел да му сигнализира на пилотот да не полетува. Најпрво човекот беше совладан на пистата од персоналот на Рајнер, а потоа пристигна и полицијата која веќе беше контактирана. Човекот беше приведен во полициска станица на аеродромот“, се наведува во официјалното соопштение од аеродромскиот персонал.