Најновите и најскапи телефони на Apple се конечно во рацете на бројни корисници, а со доаѓањето на првите уреди пристигнаа и првите приговори. Овој пат корисниците се жалат на слабиот сигнал.
Ако можеме да им веруваме на незадоволните потрошувачи, најновите и најскапи телефони на Apple, моделите iPhone XS и XS MAX имаат проблеми со поврзувањето на мрежа.
Уредот, според зборовите на бројни корисници на форумот Apple Support, како и на Reddit, наеднаш губи Wi-Fi сигнал, како и мобилна мрежа – и тоа без никаква очигледна причина.
Ова е навистина интересен проблем кој не е очекуван, во однос на тоа дека новите iPhonе уреди дури и естетски „страдаа“ поради вградување на уште една „цртичка“ на антената за подобра мрежа, но како што стојат работите, ниту таа не е доволна.
Технолошките експерти претпоставуваат дека за проблемите и слабиот сигнал е одговорен самиот уред, а не локалната мрежа (како што првобитно се претпоставуваше).
Според нив, овој проблем е предизвикан или од софтверот или од самиот хардвер на антената. Ако станува збор за софтверска грешка, Apple тоа ќе го реши со едноставен update.
Ако пак станува збор за неисправна антена, пред нас би можела да биде вистинска мала катастрофа за Apple, која ќе вклучува голем број на вратени телефони.
Како и да е, од Apple моментално мудро молчат, но некако се чини дека сепак нема да чекаме премногу долго за одговор.
Во секој случај, постои шанса навистина да не се работи за премногу сериозен проблем.
Извор: B92.net