Голем дел од познатата австралиска плажа „Инскип поинт“ се урна во океанот, речиси три години по појавувањето голема дупка во близина на местото и ги доведе во опасност камперите што се наоѓаа таму и ги проголта автомобилите и камп-куќичките.

На фејсбук-профилот на Rainbow Beach Helicopters објавена е воздушна снимка на местото каде што океанот проголта дел од плажата. „Технички, тоа е свлечиште, природен феномен, а за еден месец ќе биде одлично место за риболов“, пишуваат тие. Австралиските медиуми објавија дека плажата веројатно се урнала преку ноќ.
Сликата од дупката на плажата исто така се појави и на фејсбук-страницата на Double Island Point Fishing Charters. Грег Пирс, кој ја снимал сцената, вели дека дупката е длабока околу седум и пол метри.