Потрошувачката на дигитално огласување во САД и во Велика Британија минатата година се зголемила за 44 отсто, на 52 милијарди долари, покажа ново истражување чии автори проценуваат дека на глобално ниво потрошувачката се приближува до ниво од 100 милијарди долари.
Дигиталното огласување е привлечно за брендовите бидејќи, за разлика од објавата на дигиталните огласи со помош на посредник, овозможува директен пристап до потрошувачите преку социјалните мрежи, оптимизација на пребарувањето или дигитални секретарки, како што е Алекс на „Амазон“.
Скокот во потрошувачката на дигиталното огласување во текот на минатата година делумно го одразува и стремежот на компаниите сами да ги огласуваат своите производи, особено по приговорите од некои компании при огласување преку интернет.
Огласувачите ги фрустрира и проблемот со безбедноста на брендот, кој може да биде загрозен со објавувањето на огласите покрај непримерна содржина на интернет и тие настојуваат да преземат поголема контрола над таргетирањето на одредена публика.
– Нема сомнеж дека огласувачите настојуваат да ги зајакнат сопствените оддели за огласување и да се подготват да трошат повеќе пари на дигитално огласување за да останат конкурентни – вели авторот на истражувањето, Дамијан Рајан, од сметководствената компанија „Мур Стивенс“.
Тој додава дека истражувањето покажува дека тие пари се одвоени од буџетот за медиуми и дека ќе имаат влијание врз вредноста на агенциите сконцентрирани на медиумите, алудирајќи на традиционалните агенции за огласување кои имаат тешкотии со приспособувањето во дигиталната доба.
Компанијата „Мур Стивенс“ го спровела истражувањето во соработка со советодавна компанија за огласување и медиуми, опфаќајќи 800 компании во Северна Америка, азиско-пацифичкиот регион и Европа.
Истражувањето покажало дека брендовите во Велика Британија и во Северна Америка минатата година на огласување потрошиле 23 отсто од нивниот буџет, во однос на 16-те отсто потрошени една година претходно. Притоа во американските компании 63 отсто од буџетот за технологија биле потрошени без асистенција однадвор, за разлика од 44. отсто од минатата година.
Паралелно, строгите европски прописи за заштита на податоци и загриженоста поради односот на податоци во „Гугл“ и „Фејсбук“, двете најголеми платформи за огласување преку интернет, поттикнале повеќе актери во секторот на огласување на спојување, односно реорганизација.
Извор: Tportal.hr