Огромен железнички терминал за брзи возови, со футуристички изглед. Се работи за станицата West Kowloon, која некогаш била само визија, а денес е реалност. Инвестицијата вреди 10,7 милијарди американски долари. Станицата овозможува значително поефикасно и побрзо поврзување меѓу Хонг Конг и Кина, со времетраење на патувањето од 47 минути, наместо досегашните 2 часа. Со отворањето на станицата кое се случи пред неколку дена, 80.100 патници дневно започнаа да ги користат нејзините услуги.
Главната особеност на терминалот – футуристичкиот изглед, во минатото беше предмет на бројни критики, од аспект на изводливоста на овој сложен проект. Станува збор за огромна брановидна конструкција со изобилство од зеленило, која денес е реалност.
Поврзани артикли