Најбрз интернет на светот има Сингапур, а најбавен Јемен. Македонија има речиси најспор интернет во регионот, покажуваат податоците на опсежното истражување на британскиот cable.co.uk.
Резултатите на истражувањето се прикажани како просечни брзини на даунлоад во мегабити по секунда. Во Сингапур просечната пбрзина на интернетот е 60,39 мегабити по секунда. Потоа следува Шведска на второто место со 46 мегабити по секунда и Данска на третото место со брзина на интернет од 43,99 мегабити по секунда.
Кога се работи за брзината на интернетот во регионот, според податоците на cable.co.uk, најбрз интернет има Словенија со 21,14 мегабити по секунда, а потоа следува Хрватска со 15,60 мегабити по секунда. Потоа следуваат Србија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Брзината на интернетот во Македонија изнесува 8,82 мегабити по секунда, во Црна Гора е 6,74 мегабити во секунда.
Меѓу земјите со најбрз интернет воглавно се државите од Европа и Азија, додека во Африка повеќе од половина држави се со најслаби перформанси, објави cable.co.uk кој пружа советодавни услуги за британските провајдери на услуги како интернет, ТВ и телефонија.
Истовремено, 139 држави имаат просечна брзина на интернет под десет мегабити по секунда, што како што тврдат експертите е минималната брзина која може да им одговори на потребите на едно семејство.
Поврзани артикли