Турскиот Совет за заштита на конкурентноста го казни глобалниот интернет гигантот Google со казна од 15 милиони долари поради нарушување на пазарот на софтвер за мобилни уреди.
Според одлуката на Советот, Google има шест месеци рок да ги направи потребните измени за веќе да не го нарушува пазарот на софтвер.
Советот заклучи дека компаниите Google и Google Рекламџилик потпишувале договори со производители на мобилни уреди од позиција на монопол и доминација со пазарот и го попречувале слободното промовирање на мобилни апликации на нивната Андроид платформа. Апликациите на Google биле привилегирани на Андроид мобилните уреди, со што, според Советот, била предизвикана економска штета на потрошувачите.
Претставништвото на Google во Турција одговори со соопштение дека Android системот е полезен за потрошувачите и дека се работи за високо квалитетен производ, како и дека постои доволна конкуренција на пазарот доколку се земе предвид распространетоста на ривалските производи на Apple.