Во тешко пристапниот дел на кинеската провинција Гуичжоу постои пештера во која живее една цела заедница.
На 1800 метри надморска височина се наоѓа селото Зонгдонг, за кое се верува дека е единствената населба (населена цела година) што се наоѓа во внатрешноста на природна пештера.
До неодамна, до селото се доаѓаше само со пешачење, што им отежнуваше на жителите да обезбедат основни прехранбени производи. Селото, исто така, имаше и училиште, кое го посетуваа 186 ученици, но властите го затворија со образложение дека „Кина не е општество на пештерски луѓе”. Од 2002 година, пештерата има електрична енергија, кошаркарски игралишта и се одгледуваат домашни животни, а има и домашни миленици.
Village inside a giant cave in Ziyun County, Guizhou Province #AmazingChina pic.twitter.com/v9RwsF0BJq
— People's Daily, China (@PDChina) September 18, 2018
Во меѓувреме, локалните жители кои ги нарекуваат последните кинески пештерски луѓе добија пат, а учениците се префрлени во интернат, за да не мора секојдневно да пешачат до најблиското училиште.
This school sits beneath a rocky overhang in Zhongdong, China and is believed to be the only cave school in the world. With 6 classes and 200 students, the school offers children from remote villages the chance of an education #schools #education pic.twitter.com/E2SnTWdTrC
— UCM Education (@ucmedu) July 22, 2018
Некои луѓе со текот на времето се иселија од пештерата, но таа сè уште е дом на 18 семејства, или околу сто луѓе. Поради туристичкиот потенцијал, оваа година беше најавено дека ќе добијат жичница, која треба да биде бесплатна за локалното население.