Apple неодамна ја претстави најновата генерација на паметни телефони, а додека за самите телефони ретко кој има било каква замерка, една друга работа на корисниците им пречи најмногу – цената.
Причината за незадоволството е поради високата цена на трите нови паметни телефони на американскиот гигант – додека за новиот „скромен по перформанси“ iPhone XR треба да се издвојат 750 долари, за iPhone XS треба да се издвојат 1000 долари, односно за iPhone XS Max 1,100 долари.
Првиот човек на Apple, Тим Кук гостуваше во емисијата Good Morning America каде што разговараше со Робин Робертс за новите телефони на Apple, по што проговори и за цената на уредите.
FULL INTERVIEW: @RobinRoberts is with @tim_cook to talk about the brand new iPhone and Apple Watch–plus they love the new Memoji feature. https://t.co/0wZJnpowI9 pic.twitter.com/BpDyoANSES
— Good Morning America (@GMA) September 18, 2018
На прашањето дали со цените повисоки од илјада долари новите iPhone паметни телефони не се достапни за сите луѓе, Тим Кук изјави дека во компанијата сакаат телефоните да бидат достапни за сите, па затоа во понудата имаат повеќе модели со различни цени.
Што се однесува до најскапиот модел, Тим Кук порача дека тоа е најдобриот iPhone на сите времиња, луѓето денес сакаат да ги користат најиноватнивните уреди, што не е ефтино. Тој нагласи дека повеќето од купувачите секако не ја плаќаат целата цена одеднаш, туку потпишуваат договори со мобилните оператори, па месечниот трошок изнесува околу 30 долари, што е само еден долар дневно.
Освен за телефоните, Кук и Робертс разговараа за трговските односи помеѓу Кина и САД, што е многу важно за Apple затоа што телефоните на американската компанија се произведуваат токму во Кина.
Тим Кук нагласи дека верува во подобрување на трговските односи и верува дека од тоа би профитирале и двете страни, како и корисниците. Тој нагласи дека во Кина се составуваат телефоните на неговата компанија од делови кои што доаѓаат од многу земји и порача дека Apple е заслужен за два милиони работни места и најави дека компанијата во следните пет години ќе инвестира дури 350 милијарди долари.
Извор: Zimo.hr