Доколку сте помеѓу оние кои се сомневаат дека Google во октомври би можел да претстави уште нешто покрај смартфоните од Pixel 3 серијата и HomeHub, би можеле да сте во право.
На интернет се појави информација дека Google на 9. октомври би можел да претстави и 2-во-1 таблет со Brydge тастатура, кој го користи оперативниот систем Chrome OS, а се чини дека се работи за уредот Nocturne.
Сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа на горниот дел на таблетот, USB-C портот е на долната лева страна, додека на десната страна би можел да има уште еден. Се очекува екран со резолуција 2.400×1.600 пиксели каков што има и актуелниот Pixelbook лаптоп.
Претстојниот уред на Google ќе има тастатура што се одвојува и неколку микрофони за поништување на ехото. Другиот таблет Atlas веројатно е во фаза на развој, а се шпекулира дека ќе има 4K екран.
Постои можност овој уред да го видиме на настанот на Google закажан за 3. октомври, а тоа има смисла со оглед на развојот во изминатиот период. Таблет уредите со Chrome OS се уште се новитет, а Google можеби сака таблет сличен на Pixelbook да послужи за привлекување внимание на купувачите.
Поврзани артикли