Xiaomi денеска го прошири Mi 8 семејството смартфони, во кое се додадени моделите Mi 8 Pro и Mi 8 Lite.
Моделот од повисокиот сегмент, Mi 8 Pro, би можел да стане интернационална верзија на уредот Mi 8 Explorer. Пристигнува со сензор за отпечатоци од прсти вграден во екранот, но ја заменува 3D структурата на отклучување на лицето со IR модел и додава две нови бои – сина и златна (тука е и верзијата со проѕирна задна страна која ја има и Mi 8 Explorer).
Xiaomi Mi 8 Pro пристигнува со 6GB и 8GB RAM. Телефонот пристигнува со 6.21-инчен OLED екран (2248 x 1080p), има Snapdragon 845 чипсет, 12MP f/1.8 + 12MP f/2.4 камери на задната страна и 20MP предна камера. Батеријата е со капацитет од 3000mAh со Quick Charge 4.0+ поддршка.
Xiaomi Mi 8 Lite користи 6.26-инчен LCD екран, има Snapdragon 660 čipset, 12MP + 5MP камери на задната страна и 24MP предна камера. Батеријата е со капацитет од 3350mAh.
За разлика од 8 Pro моделот, Mi 8 Lite има стандарден сензор за отпечатоци од прсти на задниот дел. Телефонот стигнува во две варијанти на градиент бои – сина и виолетова, како и во портокалова и жолта.
Двата телефона се достапни за претпродажба во Кина. Mi 8 Pro има цена од околу 400 евра за 6GB/128GB модел и околу 450 евра за 8GB/128GB варијанта. Mi 8 Lite ќе има цена од околу 175 евра за 4GB/64GB модел, околу 210 евра за 6GB/64GB модел и околу 250 евра за 6GB/128GB варијанта.