Уредот има препознатлив, “бесконечен“ Супер AMOLED екран со големина од 6 инчи.
Новиот Galaxy A7 е најновиот уред на компанијата Samsung, со моќна задна тројна камера и елегантен дизајн. Galaxy A7 ќе биде достапен во продажба кај овластените продажни партнери и оператори во почетокот на октомври по препорачана продажна цена од 20.449 денари во три бои – црна, сина и златна.
“Samsung е посветен на овозможување значајни иновации за сите корисници – дел од Галакси семејството, без разлика кои се и каде се наоѓаат ширум светот. Со радост ви ги претставуваме новите иновативни карактеристики на А серијата преку новиот Galaxy A7 – практичен, но моќен уред создаден да ви помогне вашето секојдневие да стане извонредно.“ – изјави ДЈ Кох, Претседател и генерален директор на дивизијата за ИТ и мобилни комуникации во Samsung.
Тројна камера на новиот Galaxy A7 уред поседува одлични карактеристики:
- Ултра Широк објектив од 8 MP, со агол од 120 степени. Со иста ширина на видното поле како човековото око, Галакси А7 го доловува светот исто онака како што корисникот го гледа креирајќи фотографии со широк агол и без ограничување;
- Со објективот од 24MP и објективот за длабочина на фотографија, функцијата “Live Focus“ на новиот Галакси А7 дозволува контрола на длабочината на видното поле преку прилагодување на “бокех“ ефектот.
- Објективот од 24MP автоматски пропушта повеќе светлина преку комбинирање на четири пиксели во еден во услови на ниска осветленост. Затоа, креираните фотографии се совршено бистри и при силна светлина и во услови на ниска осветленост.
- Со помош на интелигентната функција на Samsung – Оптимизатор на Сцени (Scene Optimizer), камерата на Галакси А7 го категоризира субјектот и ги прилагодува бојата, контрастот и светлината за инстантно да го оптимизира квалитетот на фотографијата.
Предната камера од 24MP и прилагодливиот LED блиц овозможуваат креирање светли, јасни “селфи“ фотографии во било кој период од денот. Преку функцијата “Selfie Focus“ може да се креираат “селфи“ фотографии со “бокех“ ефект, а преку “Pro Lighting“ функцијата може да се креираат фотографии со осветленост на ниво на професионално фото-студио. Покрај тоа, фотографиите може да се персонализираат со користење на АР емоџи (AR emoji) и филтри.
Уредот има препознатлив, “бесконечен“ Супер AMOLED екран со големина од 6.0 инчи. Galaxy A7 исто така поддржува “Dolby Atmos®“ технологија за репродукција на звукот. Со врвен дизајн на стаклото, страничен сензор за отпечатоци кој е едноставен за користење и беспрекорни заоблувања, Галакси А7 е практичен уред кој е удобен за користење. Достапен е во четири елегантни бои – сина, црна, златна и розева – за да се вклопи во сечиј личен стил.
Новиот уред Galaxy A7 пристигнува со услугите Bixby, Samsung Pay и Samsung Health.
Поврзани артикли